Имаше напредок во однос на владеењето на правото во изминатите години, но има и одредени прашања кои предизвикуваат загриженост и тоа не треба да го заброравиме, рече еврамбасадорот Дејвид Гир пред новинарите по промоцијата на новиот проект финансиран од Европската унија „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.
„Едно од тие прашања се случувањата во текот на летото, во Судскиот совет, и како резултат на тие случувања ние распоредивме тука една мисија составена од колеги која е задолжена да даде препораки за подобрување на интегритетот и професионалноста. Секако и изјавата од минатата седмица од Европската комисија во однос на измените на Кривичниот законик, пред сè користењето на европското знаменце кое тие го сметаат за нессоодветно бидејќи тоа е едно од прашањета за кое треба да се дискутира и, исто така, ризикот кој го идентификува Комисијата дека ваквите промени може да доведат до зголемување на неказнивоста. Ние сакаме земјата рапидно брзо да напредува во сферата на владеењето на правото, граѓаните имаат право да го бараат тоа и ЕК има право да го бара тоа од земја свој – кандидат“, укажа евроамбасадорот Гир на новинарско прашање за тоа какви активности се очекуваат од земјата во однос на случувањата кои предизвикаа загриженост во Брисел.
На прашање кога може да се очекуваат резултати од оценската мисија на ЕУ за работата на Судскиот совет, Гир не посочи точен датум, но рече дека очекува тие да бидат објавени набрзо. Експертската мисија се состои од судии кои се на високи позиции или искусни судии од земјите на ЕУ кои што го разгледуваат работењето на Судскиот совет со цел да дадат препораки за подобрување на неговата професионалност, независност и ефикасност, посочи евроабасадорот.
„Мисијата ќе завши во тек на оваа седмица, потоа тие ќе се вратат во Брисел и за своите наоди ќе дискутираат со Комисијата. Не можам да ви дададм точен датум кога тие препораки ќе излезат во јавноста, меѓутоа тие ја разбираат потребата ваквите препораки да се дадат брзо“, информираше првиот човек на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, Дејвид Гир.
Р.С