Последни написи

Зеленски во ОН: Секоја деценија Русија започнува нова војна, а целта на сегашната војна против Украина е да не претвори во оружје против вас

Во своето обраќање пред делегатите на Генералното собрание на ОН, украинскиот претседател Володимир Зеленски како перманентна закана за светскиот мир ја посочи Русија која секоја деценија започнува нова војна.

Секоја деценија Русија започнува нова војна. Делови од Молдавија и Грузија остануваат окупирани. Русија ја претвори Сирија во урнатини. А ако не е Русија, хемиското оружје никогаш немаше да се користи таму, во Сирија.

Anton Gerashchenko on X: “”Each decade Russia starts a new war. Parts of Moldova and Georgia remain occupied. Russia turned Syria into ruins. And if not Russia, the chemical weapons would have never been used there, in Syria. Russia has almost swallowed Belarus. It is obviously threatening Kazakhstan… https://t.co/Aa9RB7yI5E” / X (twitter.com)

Русија речиси ја проголта Белорусија. Очигледно им се заканува на Казахстан и на другите балтички земји. А целта на сегашната војна против Украина е да ги претвори нашите земји, нашите луѓе, нашите животи, нашите ресурси во оружје против вас.“ – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера на Генералното собрание на ОН во видеото кое го пренесува Антон Герасченко на Твитер.

За време на обраќањето, камерите го следеа однесувањето на рускиот претставник кој покажуваше наводна незаинтересираност, седејќи со наведната глава, додека најверојатно се занимаваше со својот телефон.

Драган Мишев

Извор: ЦивилМедиа

Latest Posts

Не пропуштај