Последни написи

Скопје е избран за Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопје ја доби титулата-Европска престолнина за културата за 2028 година. Одлуката е соопштена денеска од Европската комисија во Брисел, по вчерашната презентација на апликациите на земјите кои беа во потесен избор за оваа престижна титула, каде што свое обраќање имаше и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Скопје ја доби довербата за организација на годината во која ќе се слави македонската и европската култура, во нашиот главен град и во земјава, а беше во конкуренција со Будва, Црна Гора.

Експертите од Европа ја препознаа искрената посветеност на Градот и на Владата на С. Македонија, на стручните тимови во повеќегодишниот процес на подготовка на апликацијата и заложбите на на нашата држава во негување на европските вредности.

Во овој капитален проект за секој град и држава од Европа се вложува со години однапред и по завршувањето на годината на манифестација. Затоа, Градот Скопје и Владата на оваа презентација ги изложија заедничките ставови за соединување на сите инфраструктурни и кадросвки капацитети, како и потребните средства за исполнување на барањата и европските стандарди за успешна презентација и афирмација на културните, општествените, економските, туристичките вредности на земјава пред светот.

Препознавајќи ја суштината, вредноста, но и тежината на титулата Европска престолнина на културата, Владата преку Министерството за култура, се обврза на безрезервна поддршка, и финансиска и кадровска и инфрастуктурна. Сите национални установи и институции на културата ќе бидат во служба на Скопје 2028.

С.Т / Градска.мк

Извор: ЦивилМедиа

Latest Posts

Не пропуштај