Последни написи

Лајчак: Ковачевски лично се вложува за да ѝ помогне на Северна Македонија на патот кон ЕУ

Специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак по средбата со македонскиот премиер Димитар Ковачевски на Твитер напиша дека ги почитува напорите на премиерот за европската перспектива на земјава.

„Добро беше што се видов со Ковачевски во Њујорк. Ги почитувам неговите лични заложби и силната одлучност да ѝ помогне на Северна Македонија да напредува на патот кон ЕУ“ напиша Лајчак.

Ковачевски и Лајчак се сретнаа во Њујорк каде што разговараа за актуелни политички прашања во Северна Македонија и регионот и нивните импликации во поширок безбедносен контекст.

Заеднички констатирале дека е неопходно да се задржи европскиот курс, со следниот чекор во претстојниот период, со цел државата да го осигура развојот, како и да придонесе во европската стабилност, а за што земјата има силна поддршка во Европската Унија.

Во таа насока, од Северна Македонија се очекува да го задржи приматот на регионален лидер во интеграциите, како пример за решавање предизвици преку мудро лидерство и дијалог и за другите држави во Западен Балкан.

Лајчак и Ковачевски оцениле дека секое поинакво дејствување на политичките субјекти во Република Северна Македонија надвор од европската агенда, ја загрозува европската определба на државата. Со тоа, го доведува во прашање квалитетот на живот на македонските граѓани и ја става земјата во извесна изолација на долг рок, со што задира и во пошироките стратешки цели за одржување на регионалната и европската стабилност, посебно во актуелниот геополитички контекст. Лајчак и Ковачевски констатираа дека неуспехот на Северна Македонија ќе биде и неуспех на Европската Унија.

 

Latest Posts

Не пропуштај