More

    Протест во Скопје на семејствата на жртвите од пожарот во тетовската модуларна болница

    Семејствата на 14-те жртви од пожарот во модуларна болница во Тетово, кој се случи пред една година, денеска во Скопје организираат протест, на кој ќе побараат правда за овој трагичен настан

    Протестот започнува во 14 часот на плоштадот „Скендербег“, по што присутните ќе се упатата пред зградата на Основното јавно обвинителство. Членовите на семејствата на жртвите од пожарот во тетовската модуларна болница упатија апел до граѓаните на Скопје и другите градови да ги поддржат во потрагата по правдата, а и до политичките партии да се држат настрана од злоупотреба на протестот за политички придобивки.

    Р.С

    Exit mobile version