Последни написи

Маричиќ за ТВ24: Корумпираните политичари може и да одлежат затвор за да ги зачуваат парите, целта е парите да се одземат

Довербата во судството може да расте со ефикасни процеси и конфискација што ќе има смисла, рече вицепремиерот за европски прашањам Бојан Маричиќ во вчерашното гостување на „24 анализа“ на ТВ24.

„Корумпираните политичари може и да одлежат затвор за да ги зачуваат парите. Целта е да се одземат парите, а казните да бидат разумни“,  истакна Маричиќ.

Тој посочи дека конфискацијата се врши по закон, а токму тие кои ја спроведуваат барале измени на законите со цел да се овозможат можностите за конфискација.

„Измените на Кривичниот законик не таргетираат, ниту прават амнестија или помилување. Законот има јасна цел, да додефинира некои кривични дела, да го нормализира нивото на казни со европско ниво, по примерот на Словенија и Германија и да ги засили можностите за проширена конфискација“, рече Маричиќ, додадавајќи дека досега судиите се мачат да извршат конфискација, а со овие измени се остава можност судството да покаже дека може да функционира.

Р.С

Latest Posts

Не пропуштај