Последни написи

За денес најавен нов протест за случајот Онкологија пред Владата и Обвинителството

Нов протест за случајот Онкологија е најавен за денес во 18 часот во Скопје. Преку Фејсбук страницата на која беше најавен и претходниот протест минатиот понеделник, се повикуваат граѓаните на протест пред Владата, кој потоа ќе продолжи пред зградата на Јавното обвинителство.

На Фејсбук страницата се објавени и барања и „УЛТИМАТУМ“ од овој протест, кои вклучуваат барање ОЈО да излезе со детали за текот на истрагата во рок од една недела, истрага за инволвираноста на поранешниот министер Филипче и поранешниот директор на клиниката Васев, проширување на истрагата на работата на Детска онкологија, целосна ревизија на работата на Клиниката за Онкологија, барање за правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на Онкологија, и барање за вклучување на онколошки пациенти кои ќе имаат увид во самата истрага.

Формално, ниту една организација не се јавува јавно како организатор на протестите, иако поддршка за протестот изразија неколку опозициски партии, но и јавни и медиумски личности. Разбирање за протестот и гневот на граѓаните изразија и високи владини претставници, кои истакнаа дека случајот и истрагата беа отворени од државните институции, и побараа протестот да не се политизира.

Во дел од јавноста, во врска со минатонеделниот протест кон дел од опозицијата (пред се кон партијата Левица) беа упатени јавни критики за обид за политичко профитирање од протестот, како и критики за користење на вулгарен речник и насилни пораки, што според критичарите фрла сенка на протестот и ја дефокусира јавноста од легитимното незадоволство на граѓаните поврзано со овој случај.

Р.С

 

Latest Posts

Не пропуштај