Последни написи

Ковачевски: Имаме обврска да одговориме на повикот на денешниот 8 Септември, кој бара прогрес и напредок

Пред 32 години, во 1991-та година, со мнозинска определба од над 95 проценти од граѓаните, остварен е аманетот за сопствена, независна македонска држава на генерациите зад нас – глас што одекнува од Илинден 1903 и АСНОМ 1944 година – рече премиерот Димитар Ковачевски на свечената академија во чест на 8 Септември – Денот на независноста, која се одржа во Филхармонијата на РСМ.

„32 години подоцна, пред нас е гласот на граѓаните, во мнозинска определба од 80 проценти, за живот во Европа, но во родната, македонска татковина“, истакна Ковачевски во неговото обраќање.

Тој додаде дека денешните генерации имаат обврска да одговорат на повикот на денешниот 8 Септември кој од нас бара континуитет на вековно поставената идеја за прогрес и напредок.

„Оваа е шанса која доаѓа во време кога Република Северна Македонија е меѓународно етаблирана држава, со осигурани граници, со признаен македонски јазик и идентитет, земја пример за успешна мултиетничка демократија којашто придонесува во регионалниот и европскиот мир, како слободна и суверена држава, членка на НАТО и на патот кон Европската Унија“, рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека живееме во време кога во САД, септември е прогласен за месец на македонската култура, во време кога се одбележуваат денови на македонската култура во Шибеник – Хрватска, каде се слават културата и ументноста раноправно со нашите партнери од ЕУ.

„Во услови кога дипломатите учат македонски јазик пред да дојдат во земјава. Во услови кога на македонски јазик е веќе потпишан првиот договор со Европската комисија, договорот за ФРОНТЕКС. И кога на македонски јазик веќе се преведува целото европско законодавство. И кога од Европската Унија е финансиран преводот на 400-тини романи пишувани од европски автори – на македонски јазик“, рече Ковачевски на свечената академија по повод националниот празник 8 Септември.

Р.С

Latest Posts

Не пропуштај