Последни написи

(ВИДЕО) Пендаровски: Не може странците место нас да ни го решат проблемот, тој што мисли така се лаже себеси, ги лаже и другите

„Европска унија, Вашингтон поддржуваат промена на уставот за да го продолжиме европскиот пат. Не може странците место нас да го решат проблемот, тој што мисли така се лаже себеси, ги лаже и другите“, вели меѓу другото претседателот Стево Пендаровски во првиот дел од опширното интервју за  Фронтлајн и ЦИВИЛ Медиа .

YouTube player

Тој ги наведе двата главни наративи со кои се служи дел од опозицијата, во однос, и во пресрет на уставните измени.

„Објективно, јас ги слушам тие шпекулации –“ ако реши меѓународниот фактор, ако беше некоја моќна држава“, дека тој проблем може да се надмине. Тоа се митови. Никогаш ниеден битен, па и помалку битен проблем во Македонија не е решен од странците. Странците, може да поддржуваат одредена варијанта на опција за излегување од криза, или за надминување на проблем или предизвик да поддржуваат, како што прават и сега. Европска унија, Вашингтон поддржуваат промена на уставот за да го продолжиме европскиот пат. Не може странците место нас да го решат проблемот, тој што мисли така се лаже себеси, ги лаже и другите. Следејќи ги двата главни наративи околу проблемот со уставните промени, едната страна која вели бенигна е работава…

Седум народи, делови од народи имаме веќе во преамбулата на уставот и уште шест да поставиме нема да се загрози сигурно стабилноста на Северна Македонија и нејзината иднина. Бидејќи 22 години наназад од рамковниот договор па наваму ги имаме сите тие народи, и делови од народи и државата не пропадне. Напротив, мое убедување дека внатрешната кохезија и чувството на лојалност кај многу од нив, од таканаречените помалубројни етнички заедници само се зголеми, не се намали. Бидејќи Северна Македонија ја чувствуваат повеќе од пред 2001 година како своја татковина.“, посочува Пендаровски.

„Вториот наратив вели лош е договорот со Бугарија уште полоша е таканаречената европска преговарачка рамка, кога ќе дојдеме на власт, ние ќе направиме подобар договор со Бугарија и подобра европска рамка. Овие две наративи се судираат директно една со друга, значи не можат да живеат една покрај друга, или со едната или со другата, ќе продолжиме понатаму да живееме. Мое убедување е дека втората наратива која ја користи опозицијата е директно спротивна на македонските стратешки, национални и државни интереси.“, заклучи Пендаровски.

Разговорот го водеше: Дестан Јонузи

Камера и монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Ангел Ангеловски

Извор: ЦивилМедиа

Latest Posts

Не пропуштај