More

    Маричиќ: ЕУ ги отфрли концептите за судир на цивилизации и се посвети на изградбата и негувањето на – сојуз на цивилизации

    “Европската Унија ги отфрли концептите за судир на цивилизации и се посвети на изградбата и негувањето на – сојуз на цивилизации. Во еден таков контекст, од витално значење за Македонија е да ги промовираме нашиот македонски културен идентитет, нашето културно наследство и вредности, а Европската Унија е вистинското место за тоа” рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на трибината „ЕУ за македонското културно наследство“.

    Тој додаде дека благодарение на основните европски вредности за еднаквост и почитување на другиот, Европската Унија ги чува милениумските традиции на сите народи и заедници на континентот.

    “Чекор по чекор, креаторите на оваа идеја работеа на изградба на заедницата на народи и на европските граѓани, а не само на административен сојуз на држави. Тоа беше единствениот начин мирот како вредност да стане неповратна карактеристика на Европа” рече Маричиќ.

    Вицепремиерот додаде дека нашиот стремеж за членство во Европската Унија подразбира и подготвеност да го прифатиме целосно и европскиот идентитет.

     

    Exit mobile version