Последни написи

Случајот „Онкологија“ злоупотребен за ширење дезинформации за наводно прекинување на кампањата „Ние сме Европа“

„Курир“ и други македонски портали шират лажна вест дека „поради скандалот со Онкологија, владата ја прекина кампањата „Ние сме Европа“?! – известува мониторинг тимот на ЦИВИЛ.

„Иако беше најавена како караван кој ќе се одржи во 8 градови, автивноста на владата наречена “Ние сме Европа“ е изгледа ставена во мирување, судејќи дека нема нова трибина најавена за оваа недела“, објави Курир и неколку други портали.

Дека се работи за класична дезинформација потврдува и фактот дека вечер од 18 часот во Центарот за култура-Битола во рамки на кампањата „Ние сме Европа“, ќе биде организирана отворена трибина „ЕУ за македонското културно наследство“ – пишува во рецензијата на Цивил медиа.

Најавени се обраќања на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ – домаќин на кампањата „Ние сме Европа“, која се организира во осум градови низ државава.

На третиот настан од кампањата, овојпат во Битола, ќе се обрати и Андреа Штајнер-Вотавова – заменик-амбасадорка на Чешка, како и други гости на трибината.

Кампањата „Ние сме Европа“ почна со трибина отворена за граѓаните во Скопје, продолжи во Струмица, а по вечерашната во Битола, трибини во наредните денови ќе има и во Прилеп, Охрид, Штип,  Тетово и Куманово.

Секретаријатот за европски прашања (СЕП) и Владата на Република Северна Македонија ги афирмираат и промовираат европските вредности, во време на важни одлуки за продолжување на пристапниот процес во ЕУ, кои нè засегаат сите нас, граѓаните и тоа во духот на демократијата, мултикултурализмот, владеењето на правото, почитувањето на фундаменталните и човековите права итн, соопшти СЕП.

Извор: ЦИВИЛ Медиа

Latest Posts

Не пропуштај