More

    Роботине е првиот украински пробив на руските одбранбени линии, пропагандата на Москва веќе не може да го сокрие тоа

    Вообичаено резервираната заменик-министерка за одбрана на Украина, Хана Малиар, звучеше мошне победнички во понеделникот, 28 август, кога за време на нејзиното секојдневно ажурирање на тековните воени операции на националниот телетон на Обединетите вести, изјави:

    „Офанзивните операции се во тек во јужниот регион. Роботине е ослободено. А нашите војници се движат понатаму југоисточно од Роботино и јужно од Мала Токмачка. Ова се насоките на Новоданиливка, Новопрокопивка и Мала Токмачка – Очеретува“, ја пренесува Укринформ.изјавата на Малиар.

    По повеќе од два и пол месеци од почетокот на долгоочекуваната украинска контраофанзива, за која во јавноста се појавија сомневања во нејзината ефикасност поради ( од објективни причини) спорото темпо со која се одвиваше, украинската армијата конечно ја проби првата одбранбена линија на Русија, која според аналитичарите е најгусто утврдена од Втората светска војна.

    Заземањето на малото село на југот на земјата, иако навидум без стратешки објекти, поради положбата покрај патот T0408, кој води до Токмак, град на 20 километри на југ кој се смета за порта кон Мелитопол и Бердијанск ( два големи града блиску до Азовското Море во окупираната зона),  се смета за важен чекор во контраофанзивата чија цел е да се пресече копнениот мост меѓу Русија и Крим, а со тоа и да се задушат силите на Москва во окупираните области на југ.

    Украинските бранители продолжуваат да се зацврстуваат во деокупираното село Роботине во регионот Запорижја, изјави во понеделникот портпаролот на Заедничкиот прес-центар на одбранбените сили во правецот Таврија Олександр Штупун за време на националниот телетон, јавува дописникот на Укринформ.

    „Продолжуваме да стекнуваме упориште во Роботине. Во тек се мерки за стабилизација и деминирање, како и подготовки за понатамошни активности. Во текот на изминатиот ден, нашите воини постигнаа одреден успех југоисточно од оваа населба“, рече Штупун.

    Според министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба, неодамнешните придобивки на украинските војници на јужниот фронт, особено откако Кијив го ослободи „стратешки важното“ село Роботине,  би можеле да го отворат патот за потиснување  на Русите назад кон анектираниот Крим, до конечна деокупација на полуостровот, пренесува Би – Би – Си.

    Говорејќи на неодамнешниот состанок со француските амбасадори во Париз, Кулеба изјави:

    „Откако се зацврстивме на неговите крила [Роботине], го отвораме патот кон Токмак и, на крајот, Мелитопол и административната граница со Крим“.

    Украина се обидува да го пресече копнениот коридор до Крим, кој Русија го зазеде во 2014 година, со кое Кијив ќе ја подели на два дела територијата што Русија ја окупира во јужна Украина, што конечно ќе ги направи линиите за снабдување на Москва покомплицирани.

    Украина тврди дека навлегла во првата од руските одбранбени линии во близина на Роботине, а нејзините трупи сега имаат за цел да се движат понатаму на југ за да стигнат до ударна оддалеченост од сите градови окупирани од Русија на брегот на Азовското Море.

    Официјално, Русите тврдеа дека се уште се во Роботине, според мапите на РИА Новости и Спутник. Но, од средата, руските милблогери и воени пропагандисти веќе признаа дека нивните единици не се во Роботине, и дека се водат тешки битки за другите околни места.

    Sprinter on X: “On the line Rabotino-Verbovoye are the hardest fights Military correspondents report that the Armed Forces of Ukraine continue attacks in the Zaporozhye direction. In Rabotino, the enemy introduces heavy armored vehicles: one Leopard and several armored vehicles were destroyed… https://t.co/LgGGkve3xY” / X (twitter.com)

    Со последните обиди да ги минимизираат украинските успеси на фронтот, Руската пропаганда самата себе се демантира и фактички призна дека Роботино е заземено и дека се води битка за соседното Вербове.

    What the media hides. on X: “⚡️🇺🇦🇷🇺 Ukrainians are expected to turn Verbove into a second Rabotino, sacrificing thousands of soldiers for a small village. Contrary to Ukrainian propaganda, there was no breakthrough, Russians did not retreat from the village, and are in fact pulling up reinforcements https://t.co/6fKky32kls” / X (twitter.com)

    .Американскиот Институт за проучување на војната (ISW) соопшти дека „украинските сили продолжија да напредуваат источно од Роботине на 29 август, додека продолжија да обезбедуваат позиции во Роботино“.

    Според ISW,  руски извори продолжија да изразуваат загриженост за руската ранливост во источната и западната област Запорожје. Еден руски милблогер тврди дека ситуацијата во близина на Вербове (18 километри југозападно од Орихив) е „многу опасна“. неговиот сектор се протега во долг лак долж линијата на фронтот, има потешкотии со трансферот на резервите и недостаток на ресурси. Милблогерот тврдеше дека украинските напори да ги прекине руските транспортни патишта дополнително ќе ја комплицираат ситуацијата. Тој претходно ја истакна загриженоста за руската одбрана во источната гранична област Доњецк-западната област Запорижја, конкретно поврзана со слабите способности на руските противбатерии, големите руски загуби, исцрпените руски сили и недостатокот на резерви.

    Кијив, кој ја започна својата контраофанзива откако обезбеди модерно оружје од своите сојузници на Запад исто така, вели дека му треба повеќе западно вооружување, особено тенкови, опрема за деминирање и воени авиони – како што се борбените авиони Ф-16 од САД – за да ја неутрализира супериорноста на Русија во воздухот.

    Соработникот во Центарот за анализа на европската политика (ЦЕПА), поранешниот специјален претставник на САД за преговорите во Украина, Курт Волкер, во својата статија со наслов „Моментот на долината на Украина“, објави дека украинската контраофанзива напредува и отвора пат за прекинување на линиите за снабдување на Русија кон Крим, како и до регионите Херсон и Запорижја.

    „Постои добра причина за оптимизам во врска со борбата на Украина за слобода“, се вели во написот.

    Од средата, борбите продолжуваат и во североисточниот дел на Украина, каде руските сили се обидуваат да напредуваат кон стратешкиот град Купијанск во регионот Харкив.

    Драган Мишев

    Извор: ЦивилМедиа

    Exit mobile version