Последни написи

Колозова: Станува збор за секторски приод и нова методологија што допрва треба да се разработи, овде е мочуриште од дезинформации

Универзитетската професорка, Катерина Колозова во објава на Фејсбук пишува за мочуриштето од дезинформации кое се појави во земјава по изјавата на Макрон за потребата Европа да се реформира.

„Ова не е “Европа во повеќе брзини” од ерата на Меркел. Станува збор за секторскиот приод и новата методологија: во еден сектор може да си потполно интегриран, во други делумно дур трае пристапувањето. Ова е основата на методологијата од 2020. Ништо ново.

Како подетално би се разработила, останува да се види, но не значи – “чекајте да се реформираме за да влезете,” како што се шири параноја овде. Напротив, и оние што допрва станаа кандидати, во некои сектори би влегле целосно, иако нема да бидат полноправни членки до 2030, како Украина, Молдавија или Босна.

Толку знаеме, другото е методологија што допрва треба да се разработи. Читајте на англиски, германски, француски – овде е мочуриште од дезинформации“, пишува Колозова.

Д. Мишев

Извор: ЦивилМедиа

 

Latest Posts

Не пропуштај