Последни написи

Мизогинијата и хомофобијата на г. г. Стефан задскриена зад грижата за идните поколенија

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Во своето обраќање по повод големиот христијански празник за православните верници, Успение на пресвета Богородица, од манастирот на Матка, поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан, не ја пропушти можноста за повторно да посее омраза и да се става во улога на врховен толкувач на човековите права и слободи според неговиот светоглед, наметнувајќи ги верските догми на една религија врз останатите граѓанки и граѓани во секуларна држава како што (треба да) е нашава.

Архиепископот охридски и македонски се фокусираше на статусот и на местото на жената во општествениот живот според сфаќањата на клерот во МПЦ- да раѓа и да ги одгледува децата, и единствено достојна за почит е жената која раѓа, жената– мајка. Најверојатно, според него и неговото црковно опкружување, жените што нема да родат изгледа треба да ги каменуваме?

До каде ќе стигне светот со истополовите бракови и со хуруршката промена на полови? -прашува г. г. Стефан.

Тој додава дека вистинско време е самопрогласените борци за правата на жените да се запрашаат како ќе се раѓаат и воспитуваат идните поколенија.

Зарем вакво прашање поставува господинот господин. Одговорот , токму според неговите проповеданија е „бестелесно оплодување“… зарем така не е зачнат плодот во нејзината утроба.

Ако  Пресвета Богородица за црквата била и останува да биде идеал за мајка, зошто во нашите православни црквите нема икони ( барем јас не сум видел) во кои ќе ја величаат нејзината улога како мајка, зошто нема ниту една икона во која таа го дои божјиот син, а така се раснат и се одгледуваат деца, господине господин.

А со изјавата на „ајатолахот“ на МПЦ – ОА дека „т.н. борци за правата на жените ја навредуваат природата на жената и нејзиното природно право на мајчинство“, освен што е лага (борци за правата на жените не го оспоруваат правото на мајчинство на жената, туку се борат за родова еднаквост, истата таа жена да има еднакви права во општеството) туку и самиот себе се негира и го доведува во прашање постоењето  на монашки братства и сестринства, кои седат во манастирите наместо да раѓаат, да се множат?!

Еден друг поп од истата мизогена братија, ги прогласи разведените  жени и самохраните мајки како погубна закана за македонското општество, а родовата еднаквост за изопачена, уште поопасна, попогубна и поотровна идеологија која молскавично му се заканува на нашето општество.

Во меѓувреме, Талибанците, откако им ги забранија и козметичките и фризерските салони на жените во Авганистан, сега Авганистанките не смеат да го посетуваат ниту популарниот национален парк.

Извор: ЦивилМедиа

Latest Posts

Не пропуштај