Денеска полицијата на Република Косово, во соработка со македонската полиција, во Косово го лиши од слобода Алил Демири (38), соопшти МВР.
Лишувањето од слобода е „врз основа на издадена меѓународна потерница од МВР на РСМ, баран врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје 1, за сторено кривично дело “Тероризам” предвидено по член 394 од Кривичен закон, во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смиљковското езеро. Тој, според информациите добиени од косовската полиција, ќе биде изведен пред надлежен судија“, се вели во соопштението на МВР.
Адили, еден од осудените за петкратното убиство на 12 април 2012 година кај Смилковско езеро, повеќе години беше недостапен за правдата.
За овие убиства во 2021 година на доживотен затвор, покрај Алил Демири како првообвинет беше осуден и Африм Исмаиловиќ, како и Агим Исмаиловиќ. Обвинетиот Хаки Азири беше осуден за две кривични дела помагање на сторител по извршено кривично дело, со единствена казна од 9 години. Фејзи Аризи, пак, беше осуден за помагање на сторител по извршено кривично дело на 15 години затвор.
Р.С