Последни написи

Путиновиот „Lebensraum“: Москва планира да насели 300.000 Руси во окупираниот Мариупол

Москва подготви „план за развој“ за окупираниот Мариупол, кој вклучува зголемување на населението за околу 300.000 преку миграција од Русија, објави Националниот центар за отпор на Украина.

Москва, наводно, има намера да ги заврши планираните демографски промени до 2035 година, пишува Центарот, цитирајќи извори од локалниот подземен отпор кои ги добиле документите на окупациската администрација.

Кремљ започна програма за евтини хипотеки на имоти во окупираните делови на Украина, како што е Мариупол во Доњецката област, за да ги охрабри Русите да се преселат таму, се вели во извештајот.

Покрај тоа, Москва наводно испраќа работни мигранти и државни службеници од „депресивните“ региони на Русија на окупираните територии.

Во исто време, жителите на Мариупол и другите окупирани населби се насилно депортирани во Русија, додаде Националниот центар за отпор.

На 27 јули, прогонетиот советник на градоначалникот на Мариупол, Петро Андриушченко, рече дека окупациските власти инсталирани од Москва во градот незаконски ги иселуваат жителите од нивните домови доколку не можат да обезбедат документи за сопственост на имотот.

Центарот за национален отпор нагласува дека овие акции одговараат на знаците на геноцид според меѓународното право. Сите оние кои се вклучени во геноцидот на украинската нација ќе претрпат праведна и неизбежна казна за ова.

Мариупол, некогаш просперитетен град на брегот на Азовското Море, беше дом на повеќе од 400.000 луѓе. Руските трупи силно го бомбардираа Мариупол од почетокот на целосната инвазија и го окупираа градот во мај 2022 година. Оттогаш водат политика на асимилација и русификација  на локалните жители, а непогодните ги депортира во Русија.

Историјата се повторува

Она што сега Владимир Путин го спроведува во окупираните делови на Украина е веќе видено сценарио. Се вика Lebensraum, германофилскиот термин со кој е измислена инацистичката теорија за „животен простор“. Со други зборови, насилно проширување на границите на една земја на сметка на суверенитетот и територијалноста на нејзиниот приврзан сосед.

Владимир Путин, всушност, во 21 век ги копира идеите и потезите на Хитлер од Втората светска војна. Пред повеќе од 80 години, идеолошката цел на нацистичка Германија беше да го окупира Советски Сојуз за да отвори простор за повторно да го насели со Германци.

Германскиот генерален „План Ост“ имаше за цел да ги користи некои од поробените народи како принудна работа за воените напори на Оската додека ги стекнуваше нафтените резерви на Кавказ, како и земјоделските ресурси на различни советски територии, вклучувајќи ги Украина и Белорусија. Нивната крајна цел била да создадат повеќе Lebensraum (простор за живеење) за Германија, и следствено, истребување на домородните словенски народи со масовна депортација во Сибир, германизација, ропство, масовни убиства, воени злосторства и геноцид.

Како завршија Хитлеровите амбициозни планови за поробување на цели народи и држави, денес на сите им е познато. Останува нејасно, како новите диктатори не учат од грешките на нивните предходници, несвесни дека повторувајќи ги истите погрешни стратегии се движат кон сопсвтената пропаст.

Драган Мишев

Извор: ЦивилМедиа

Latest Posts

Не пропуштај