Смртта на италијанскиот пејач Тото Кутуњо, познат по легендарната песна „Инсиеме“ во која пее за обединета Европа, стана повод за антиевропски пораки на претставници на „Левица“ на социјалните мрежи – јавува Фронтлајн. Со добропозната анти-ЕУ реторика, претставник на партијата Левица, се обиде да ја искористи смртта на пејачот за да прати политичка порака која оди во нивна корист.
Тони Димитров, координаторот на Левица за секторот култура, воедно и директор на Културно информативниот центар во Скопје кој е јавна установа под ингеренции на Град Скопје, на неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук коментираше: „Тото Котуњо, најавата (и надежта) на еуропската униа, замина. Козмосот сака нешто ни да ни каже. Ако уште не можете да прочитате што, имате повеќе (гео)политички, отколку здравствен (офталмолошки проблем)“.
Инаку, Кутуњо почина во болница во Милано каде бил хоспитализиран. Неговиот менаџер за медиумите објаснил дека „по долго боледување, состојбата на пејачот се влошила во последните месеци“.
Но, дури и смртта на познатиот пејач беше искористена од претставникот и функционер на Левица во политичка антиевропска конотација.
Извор: Фронтлајн.мк