Последни написи

По пет години се реактивира дезинформација за наводен осиромашен ураниум во „Криволак“

На социјалните мрежи се споделува дезинформација која, всушност, првпат е лансирана пред 5 години, според која, наводно, на обуката на копнените сили на САД на армискиот полигон „Криволак“ ќе се користела муниција со осиромашен ураниум, која е опасна по здравјето на луѓето. Тоа не е точно. Се работи за дезинформација – објави Цивилмедиа.

Дезинформација објавена на 21 август 2023

Оваа дезинформација носи наслов „БОМБА! Споделете! Американците на вежба во Криволак ќе гаѓаат со осиромашен ураниум кој е канцероген?“ објавена на интернет блогот Слободенпростор кој во тоа време има изразено проруска ориентација. Потоа, текстот е споделен на Фејсбук страната „Македонија“ со иста ориентација, на 19 август 2018 година.

Кампањата во 2018 година беше активирана во пресрет на референдумот за поддршка на Договорот меѓу Македонија и Грција.

Се чини дека истите пропагандни кујни ги реактивираат истите дезинформации и во овој период, кога започна процесот за уставните измени, а и во пресрет на посетата од високиот американски функционер, Габриел Ескобар.

Дезинформација објавена во 2018 година.

Во 2018 година, тогашната министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, излезе со најостар демант за овие информации, нарекувајќи ги ноторни лаги, за кои рече дека никому не му носат корист. Таа тогаш изјави и дека ваквите лаги имаат за цел да ја поттикнат недовербата на граѓаните во НАТО и се во функција на негативна кампања за референдумот.

Пред пет години, Александар Пандов, поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата, а сега шеф на т.н. Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ, ширеше хистерија дека Македонија ќе стана главен НАТО центар за складирање на нуклеарен отпад. Три дена подоцна, се појави и дезинформацијата на т.н. Слободенпростор, што упатува на тоа дека креирањето и дистрибуцијата на овие дезинформации се оркестрирани.

И пред пет години, за време на анти-НАТО кампањата, односно против референдумот за промена на името како услов за членството во НАТО, се повикуваше на бојкот на референдумот за, наводно, да се „зачува идентитетот, името, историјата“. На референдумот излезе рекорден број луѓе со право на глас (610 илјади).

Дезинформации пласирани од Александар Пандов, 2018 година

Пет години по референдумот за промена на името со кој се реши деценискиот спор со Грција, нашата држава не стана НАТО центар за складирање на нуклеарен отпад, сочуван и потврден е македонскиот идентитет и јазик.

Извор: ЦИВИЛ Мeдиа

Latest Posts

Не пропуштај