Последни написи

Спасовски: Веднаш е расчистен случајот со нападот на новинарите на Алсат, напаѓачот е во станица

Веќе е расчистен случајот со нападот на новинарите на Алсат. Обезбедено е лицето кое е напаѓач и против него ќе биде поднесена кривична пријава за насилство“ изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Вести плус“ на Канал 5.

Тој упати повик до граѓаните да се спречува насилството, особено кон медиумските работници кои работат во интерес на граѓаните и државата.

Лицето е во полициска станица и се расчистуваат мотивите. Важно е дека брзо, енергично и ефикасно се делуваше во случајот. Не смее да има никакво насилство, особено не врз некој кој си ја извршува својата службена задача“ рече Спасовски.

Извор: Канал5

Latest Posts

Не пропуштај