More

    Арсовска со иницијатива за враќање на споменикот на Ќосето

    Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денес доставила иницијатива до Советот на Град Скопје за повторно поставување на спомен обележјето на Андон Лазов Јанев – Ќосето.

    „Спомен обележјето ќе добие нова локација која ќе се наоѓа на крстосницата помеѓу булеварот „Александар Македонски“ и булеварот „Беласица“ североисточно од кружниот тек“, пишува Арсовска во објава на нејзината официјална Фејсбук страница. Според Арсовска, се работи за исклучително важна историска личност и еден од најголемите македонски револуционери чиј споменик „неправедно и шверцерски беше отстранет од претходното градско раководство“.

    Ова тврдење на Арсовска е неточно, бидејќи потегот на Град Скопје во февруари 2018 година за отстранување на споменикот на Ќосето е базиран на одлука на надлежни институции. Како што јавија медиумите тогаш, отстранувањето следуваше откако бил добиен налог од градежниот инспекторат на општина Центар, којшто утврдил дека воопшто немало решение за поставување на статуата на Ќосето која, според општинските и градските власти, била дивоградба. Претходно, работна група во Министерството за култура изготви елаборат во кој за поставувањето на споменикот беа утврдени бројни законски прекршувања.

    Споменикот, кој беше поставен во 2014 година пред зградата на Врховен суд како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, по отстранувањето во 2018 година беше однесен во магацините на поранешната фабрика Металски завод Тито.

    Р.С

     

    Exit mobile version