More

    Арсовска со иницијатива за враќање на Ќосето: Рециклирање на минатото, груевизмот и криминалниот проект „Скопје 2014“

    Пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

    Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денес доставила иницијатива до Советот на Град Скопје за повторно поставување на споменикот на Ќосето.

    Каква е оваа иницијатива?

    Не е иницијатива за бесплатен јавен превоз, не е иницијатива за почист град, помалку ѓубре, повеќе зеленило, почисти реки…

    Не е иницијатива за поголема безбедност во сообраќајот, нови велосипедски патеки и тротоари…Не е иницијатива за некој културен или спортски објект, ниту иницијатива за нешто модерно и ново, свртено кон иднината…

    Туку, иницијатива за рециклирање на минатото кое создава поделби и поларизација меѓу граѓаните. За рециклирање на груевизмот и криминалниот проект Скопје 2014. За користење на голиот популизам во недостаток на вистински идеи и иницијативи.

    Тоа е тој успешен менаџерски пристап. Ако што ја навредува интелигенцијата на луѓето. Барем не е арогантен, ако ништо друго.

    Ајде на здравје, Данеловграде!

     

    Exit mobile version