На 123-тата седница на Собранието на Р. Северна Македонија, премиерот Димитар Ковачевски ги отфрли лажните и невистинити тези дека постои некаков диктат за менување на Уставот: „…ги отфрлам лажните и невистинити тези дека постои некаков диктат од било кого за било што. Постои само нашата сегашна, а сепак историска можност да направиме нешто добро за државата.“
Според Ковачевски, усвојувањето на предлогот за менување на Уставот е во насока на остварување на поставената цел за полноправно членство до 2030 година:
„Со усвојувањето на предлогот, да донесеме одлука, не да стоиме во место, не да каскаме, не да чекаме повторно, туку да чекориме во полноправно членство во Европската Унија, и да ја оствариме поставената цел за полноправно членство до 2030 година“.
Во своето излагање, Ковачевски истакна дека станува збор за наш македонски предлог за менување на Уставот: „Да, ова е наш македонски предлог подржан од целокупната Европска Унија и нашиот стратешки партнер САД, за наша корист, за наше добро“, истакна Ковачевски на Седница бр. 123 на Собрание на Р. Северна Македонија.“
Р.С