Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир им се заблагодари на претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски и шефот на дпломатијата, Бујар Османи за поддршката од Северна Македонија на Украина и приклучувањето на Заедничката декларација на Г7.
Им благодариме на претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски и шефот на дпломатијата, Бујар Османи за поддршката од Северна Македонија на Украина, која се заснова на заеднички демократски вредности и интереси, пред се, почитување на Повелбата на ОН и принципите на територијален интегритет и суверенитет. напиша Дир на Твитер.
Твитот на украинската амбасадорка следува по објавата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во која вели дека Северна Македонија се приклучи на Заедничката декларација за поддршка на Г7 за Украина и нагласува дека безбедноста на Украина е составен дел на безбедноста на евроатлантскиот регион и ние остануваме посветени на поддршката на украинскиот народ соочен со руската агресија.
Како што објави вчера ЦивилМедиа, благодарност до Северна Македонија и премиерот Димитар Ковачевски за поддршката за Украина и приклучувањето кон Декларацијата на Г7 упати украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
За потсетување, земјите од Г7 во саботата објавија безбедносна рамка која го отвора патот за долгорочни безбедносни гаранции за Украина со цел да ја одбрани земјата од Русија и да ја одврати од можна идна агресија,
Драган Мишев
извор: civilmedia.mk