Последни написи

Ковачевски за МИА: Верувам дека пратениците нема да ја испуштат историската шанса за продолжување на европскиот пат

Премиерот Димитар Ковачевски во денешното интервју за МИА, зборувајќи за евроинтеграциите, рече дека лично верува дека Северна Македонија, пратениците, нема да ја испуштат оваа историска шанса.

„По 17 години чекање, во јули, минатата година, конечно ги отворивме преговорите преку изнаоѓање на квалитетно решение, достоинствено пред сѐ и со заштитени национални и идентитетски определби. Решение кои ги запази сите наши државни и национални позиции. Земјата повторно ја вративме на европскиот пат“, истакна Ковачевски.

Тој додаде дека јазикот и идентитетот се сочувани и заштитени со преговарачката рамка, а со интеграцијата во ЕУ ќе се интегрираат во европскиот мозаик, рамо до рамо со големите државотворни народи на Европа.

„Едно нешто на сите нас во државата треба да ни биде јасно-нема да има подобар договор, нема да има да има нов договор, нема да има друга преговарачка рамка. И ова е единствената вистина, која не ја кажувам јас, не ја вели СДСМ, Владата, тоа е ставот на Европската Унија. Оттука, јасно е дека ако ја пропуштиме оваа историска шанса, оваа силна поддршка на Унијата, на САД, на нашите стратешки партнери, само ќе загубиме нови 10 или 15 години“, смета Ковачевски.

Премиерот истакна дека државата нема 15 години за губење и дека младите немаат децени за губење, па треба да се искористиме оваа шанса и да се донесе одлуката со која сите потоа ќе се гордеат.

Р.С

Latest Posts

Не пропуштај