Последни написи

Маричиќ: Објавен е нацрт Извештајот од Европската комисија за „Фундаментални вредности“

Заменик-претседателот задолжен за европски прашања Бојан Маричич, информираше  дека е објавен нацрт Извештајот од Европската комисија за Кластер 1, „Фундаментални вредности“:
„Извештајот за нас е водич и основа за подготовка на клучните документи – Патоказите за владеење на правото, функционирањето на демккратските институции и реформата во јавната администрација, а истовремено е рефлексија на скрининг процесот, кој трае скоро една година.
Поединечните наоди ќе ги коментираме во натамошна фаза кога ќе треба да се вградат во Патоказите, кои ќе бидат консултирани со сите општествени чинители, во еден транспарентен и инклузивен процес.
Оценката на Комисијата во Извештајот се заснова на информациите добиени за време на скринингот како и на дијалогот што се води во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и годишните Извештаи на Европската комисија кои се дел од пакетот за проширување.
Ова е само нацрт Извештај кој допрва ќе се дискутира и усвојува од страна на државите членки на ЕУ и доаѓа во вистинско време кога интензивно работиме на изработка на Патоказите.
Извештајот ја отсликува состојбата на државата и насока за идните реформи кои Северна Македонија треба да ги направи во областа на владеењето на правото, поточно реформите во правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал и човековите права, како и да го зајакне функционирањето на демократскиот институции и реформата во јавната администрација, со цел исполнување на условите за членство во Унијата“, објави Маричиќ на неговата фејсбук страница.

Latest Posts

Не пропуштај