Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти прославата на Денот на Републиката на Мечкин камен во Крушево, и не го дочека интонирањето на државната химна на одбележувањето 120 години од Илинденското востание.
Партиската делегација на церемонијата ја предводеше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тие го напуштија настанот пред интонирање на македонската химна „Денес над Македонија“, од засега непознати причини.
Пред новинарите, Мицкоски упати порака за единство на македонскиот народ. „Граѓаните и денеска во Македонија покажуваат пркос и знаат за што се борат. А се борат за својот идентитет, за својата држава, и достоинствена иднина“, рече Мицкоски.
Од партијата претходно најавија дека Мицкоски, по положувањето цвеќе на Мечкин камен ќе го одбележи празникот во струшкото село Ташмаруниште.
Инаку, високата државна делегација по повод Денот на Републиката – Илинден во Крушево ја предводеше претседателот на Собранието, Талат Џафери. Цвеќе положија и голем број рпетставници на други институции, партиски делегации и граѓани.
Р.С