Последни написи

Џафери на Илинден од Крушево: Имаме една заедничка држава и сите сме одговорни да ја чуваме и развиваме

Пртеседателот на Собранието, Талат Џафери, ја предводеше државната делегација на чествувањето на Денот на Републиката во востаничко Крушево
Во обраќањето на Мечкин камен, тој порача дека имаме една заедничка држава и сите сме одговорни да ја чуваме и развиваме, за нас и за идните поколенија и патот по кој треба да чекориме е одамна детерминиран, уште од првите илинденци.
„Тие биле свесни дека само со надминување на тесната и себична рамка, со отворање на умот и силно прегрнување на благодатите кои ги нуди заедништвото, ќе бидеме пример за нова и додадена вредност во регионот и пошироко. Тоа е наш долг кон сите што се бореа за таква граѓанска држава и општество во кое новите генерации ќе живеат, растат, се образуваат и творат во слободна, независна, модерна и напредна земја во која со радост ќе го славиме сите заедно Илинден, во чест на сите револуционери кои имаа удел во создавањето на европска Република Северна Македонија, а ние ќе бидеме горди европски граѓани“, истакна претседателот на Собанието на прославата.
Р.С

Latest Posts

Не пропуштај