Последни написи

Маричиќ: Со стратешка политика да ги направиме уставните измени и да не се враќаме во чекалницата на ЕУ

Не се откажуваме од воспоставувањето на дијалог за најважниот процес и политички консензус за ЕУ, рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на заедничката прес-конференција со колегите од Германија, Франција и Полска.

-Очекувам на сите политички партии и сите пратеници сега да ни биде приоритет и да го продолжиме успехот од пред една година и да го интензивираме преговарачкиот процес. Со стратешка и офанзивна политика да ги направиме уставните измени и да го надминеме периодот без никаква штета, да не враќаме во чекалната на ЕУ и во изолираното минато – тоа сме го поминале и не го сакаме за нашите граѓани и за нашите деца. Уставните измени ќе бидат покажување на дело вистинска грижа за интересите на државите и граѓаните. Имаме прилика која ретко се појавува, последните 20 години ја имаше само Хрватска и мудро и државнички ја искористи. Мислам дека можеме да ја искористиме можноста за Северна Македонија  да биде позитивен пример, кој ќе се пренесува и во регионот, истакна Маричиќ.

 

Вицепремиерот подвлече дека заедно со земји членки на ЕУ се направени важни поместувања во евроинтеграцискиот процес и во градењето и развојот на Северна Македонија, како дел од современиот демократски европски свет.

 

-Верувам дека ќе продолжиме да ја имаме политичката поддршка која е од огромно значење за надминување на предизвиците со кои се соочуваме за брза реализација на реформите и постигнување на стандардите кои Северна Македонија до 2030 ќе ја направат членка во ЕУ.  Го сакаме своето заслужено место во ЕУ, а за тоа да биде со следниот пакет на проширување треба да се погрижиме да ги завршиме навремено обврските и да имаме план со догледно време за членство во ЕУ.  Ова е добар момент, за земја која ги исполни условите да потврди со својот пример дека може да биде успешна приказна и за ЕУ и за целиот регион, заклучи Маричиќ.

 

 

Latest Posts

Не пропуштај