Последни написи

Ковачевски: Клучно е зголемувањето на економската соработка и интеграцијата меѓу земјите од Западен Балкан

„Денеска, во Тирана, заедно со моите колеги од Србија, Црна Гора и Албанија, Брнабиќ, Абазовиќ и Рама на неформална средба со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји, разговаравме за забрзаната интеграција на земјите од Западен Балкан, побрзото приближување до заедничкиот пазар на ЕУ, но и зголемувањето на фондовите за финансирање на важни регионални проекти.

Зголемувањето на економската соработка и интеграцијата меѓу земјите од Западен Балкан и забрзувањето на клучните реформи во секоја од државите воедно ги препознавме како клучни за регионот.

На оваа амбициозна агенда ќе работиме сите заедно, цврстата регионална соработка и придобивките од истата е целта која нè зближува и поврзува на патот кон ЕУ.“, објави Ковачевски на неговата фејбук страница.

Latest Posts

Не пропуштај