Последни написи

Маричиќ: За заштита на нашиот развој и просперитет треба да ја интензивираме борбата против корупцијата

„Корупцијата е тема која се третира во сите политики, пример е скринингот за ова. Во секое поглавје дискутираме посебно која е антикорупциската политика во тоа поглавје. Така што таа борба против корупцијата стана хоризонтално прашање и во европските интеграции. Мислам дека е многу важно  за заптита на нашиот развој и просперитет и безбедност на нашата држава да ја интензивираме борбата протов корупцијата“ рече вицепремиерот за економски прашања Бојан Маричиќ за „Гласот на Америка“.

Тој додава дека Владата не бега од оваа тема и дека направила многу, но има уште што да се направи.

„Подготвени сме со нашите партнери да најдиме решение како да се зајакне улогата на независното судство и како да се зајакне капацитетот на обвинителството како клучна алка во борба против корупцијата за да тоа има ефект“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додава дека корупцијата е феномен и појава со која треба да се бориме на сите полиња и во сите области, но јасно е дека најдобар начин да се справиме со ова прашање е да ги продолжиме преговорите и во текот на преговорите да ги зајакнеме нашите капацитети.

„Ние и досега сме покажале, во многу случаи на корупција од високо ниво и многу актуелни случаи дека умееме да се бориме против корупцијата, само е потребна силна поддршка и градење капацитет на институциите“ рече Маричиќ.

Извор: ВоА

Latest Posts

Не пропуштај