Последни написи

Маричиќ: Оценската мисија на ЕУ е добар чекор

„Европската Унија најави оценска мисија, сметам дека тоа е добар чекор и Владата ќе го прифати. Ние сме држава кандидат за членство во ЕУ и механизмите на ЕУ и извештаите секогаш ни биле инструмент за подобрување“, истакна вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во вчерашното интервју за „Трилинг“ на ТВ24.

Според Маричиќ, оценската мисија треба да се искористиме како можност, бидејќи тоа е пред сè порака до Судскиот совет за тоа што се случуваше изминатиот период.

„Имиџот на Судскиот совет е слика за целото правосудство, затоа е важно, таа оценска мисија не е прва, ние сме имале оценски мисии и имаме за многу области. Но таа оценска мисија ќе оди детално во анализирање на слабостите на судскиот совет и неговото функционирање и ќе даде конкретни препораки“ рече Маричиќ.

Тој посочи дека Судскиот совет работи според закон донесен во 2019 година, кој
беше одобрен од Европската комисија и од Венецијанската комисија.

„Секој е избран со име и презиме и дејствува таму со име и презиме. И мислам дека што повеќе ја конкретизираме одговорноста, со име и презиме толку подобро ќе биде и побрзо ќе дојдеме до решение“, потенцираше Маричиќ во интервјуто за „Трилинг“ на ТВ24.

 

Р.С

Latest Posts

Не пропуштај