More

    Бојаровски: Прашањето за идентитетот е затворено, не треба да се користи за дефокус

    Не гледам на кој начин ни е оспорен идентитетот, вели новинарот и аналитичар Зоран Бојаровски во гостувањето во „Само вистина“ на телевизијата Канал 5.

    „Тоа  прашање не треба да го користиме за дефокус. Признаен е македонскиот идентитет и јазик, во личната карта на Обединетите нации, во резолуции на најразлични парламенти…. Ние сме Македонци со македонски идентитет и тоа прашање треба да го затвориме. Тоа не е проблем во нашата евроинтеграција“, истакна Бојаровски.

    Тој посочи дека еден од аргументите на опозицијата бил дека ќе се загубеле идентитетот и јазикот. „Велеа дека ќе се спровела бугаризација со внесувањето на Бугарите во Уставот, а потоа кажаа дека ќе ги внесат Бугарите во Уставот, но не под бугарски диктат“, рече Бојаровски во емисијата.

    Р.С

    Exit mobile version