Последни написи

Маричиќ: Имаме континуирана поддршка и помош од страна на САД во спроведувањето на сеопфатните реформи

Поддршката од САД за напредок во преговорите со ЕУ клучна за брзи резултати во реформската агенда, објави на својата фејбук страница вицепремиерот Бојан Маричиќ, по средбата со амбасадорката на САД во земјава, Н.Е. Ангела Агелер:
„Важна е за нас континуираната поддршка и помош од страна на САД во спроведувањето на сеопфатните реформи, кои во добар дел придонесоа да постигнеме значајни резултати во борбата против корупцијата, владеењето на правото и судскиот систем, но и во економскиот и севкупниот развој на државата“, истакна Маричиќ.
Според Маричиќ, „периодот пред нас ќе биде исполнет со натамошен развој и зајакнување на меѓусебната соработка, на сите полиња, со посебен фокус на создавање услови за ново приближување кон ЕУ, до крајот на годината“.

Latest Posts

Не пропуштај