More

    Василев: ЛГБТИ заедниците и жените заслужуваат целосна поддршка и заштита и не смееме да ги оставиме сами во борбата за рамноправноста

    Институтот за медиуми и аналитика ИМА од Скопје денес организираше панел дискусија „Медиумите и кампањите со дезинформации и говор на омраза против родова и сексуална еднаквост“.

    Кире Василев, од Дијалог – Центар за делиберативна демократија, истакна дека „ЛГБТИ заедниците и жените заслужуваат целосна поддршка и заштита и не смееме да ги оставиме сами во борбата за рамноправноста“.

    Во своето зилагање, Василев укажа дека „жестоката борба против еманципација и рамноправност на ЛБТИ лицата и жените истовремено се доживува и како борба против ЕУ и либерално-просветителските вредности кои таа ги застапува, но се доживува и како борба против поддржувачите на Преспанскиот договор, против таканаречените „предавници“ на Македонија и македонскиот идентитет…“.

    Василев даде неколку примери на екстремен говор на омраза на социјалните мрежи, кој се користи од страна на проруски политички активисти кои шират пропаганда против ЕУ и западните вредности.

    Exit mobile version