Институтот за медиуми и аналитика ИМА од Скопје денес организираше панел дискусија „Медиумите и кампањите со дезинформации и говор на омраза против родова и сексуална еднаквост“.
Давид Тасевски, од „Скопски квир центар“ на панел дискусијата укажа на одговорноста на медиумите, бидејќи „често даваат простор за говорот на омраза и дезинформациите. Го забележуваме и моментот на неотстранување на коментари со вознемирувачка содржина која вклучува не само говор на омраза туку детален опис за убивање и мачење на ЛГБТ луѓето, кое со денешниот протест, се надевам исто така дека нема да резултира со дела од омраза.“
Според Тасевски, институциите немаат капацитет да постапуваат во однос на говорот на омраза: „Искуството ни покажува дека институциите немаат капацитет да постапуваат во однос на говорот на омраза, селективни се, дури и кога станува збор за брутални закани по живот каде се опишува начинот на кој личноста ќе биде убиена. И тука имаме секако надоврзување на голем број луѓе коишто го охрабруваат таквото дело.“
