Последни написи

Ковачевски: Добро е што регионот го има Преспанскиот договор како модел на функционална дипломатија, служи за пример

Премиерот Димитар Ковачевски на сесијата ‘Вистинската регионална соработка го одржува бродот стабилен’ во рамки на Преспа форум дијалогот, кажа дека Западен Балкан ќе соработува во рамки на иницијативата Отворен Балкан, во рамки на Берлинскиот процес и ќе ги истакнува придобивките од формирањето заеднички регионален пазар, признавањето на дипломите, на работните дозволи, на олеснетите движења на луѓе, добра и услуги – но секогаш ќе ја има примарната цел – соединувањето во европското семејство на народи и држави.

-Војната на европскиот континент го вклучи алармот дека само обединета Европа, со Западен Балкан во неа – е стабилна и безбедна Европа. Сè друго е дел од решението, а не и самото решение, што е потребно за сите. Во овој процес треба да се стимулира и поддржи затворањето на билатералните прашања, секаде каде што е тоа потребно. Затоа што, видовме дека соработката меѓу две држави е мотивација за поширока соработка, исто како што конфликтот меѓу две држави е тригер за прошироко недоразбирање, што го покажа со своите одрази руско-украинската војна, кажа Ковачевски.

Тој истакна дека добро е што регионот, па и Европа го имаат Преспанскиот договор како добар модел за функционална дипломатија, којшто промовира решавање отворени прашања преку отворен дијалог.

-Договорот од Преспа одговара и на загриженостите кај речиси сите држави кои имаат слични спорови што засегаат идентитетски прашања. Затоа што е модел на дипломатија чиишто решенија не ги загрозуваат, туку напротив ги заштитуваат и зацврстуваат идентитетските определби, значајни за една држава и еден народ. Од нашиот македонски пример, сакам да порачам на регионот дека е важно да се има храбро, но и стратешко лидерство, бидејки тоа води кон очекуваните перспективи, потенцира Ковачевски.

Latest Posts

Не пропуштај