Делегацијата на ЕУ објави дека се приклучува на глобалната кампања која што се спроведува за време на месецот на гордоста, споделувајќи изјава од Давид Тасевски, од Скопскиот квир центар:
„Сè додека сите заедно не прифатиме дека рамноправноста ја заслужува секој човек, дискриминацијата ќе се појавува преку оние кои сметаат дека сите луѓе не се еднакви. Тој начин на размислување е ризичен за сите нас, зависно кон која група во моментот се насочува омразата.“