Последни написи

„Бундестагот ги признава македонската култура, идентитет и јазик“: Што пишува во германската резолуција?

Половина час – толку е предвидена да трае расправата за резолуцијата за пристапувањето на Македонија во ЕУ во германскиот Бундестаг. Расправата треба да започне денеска во 21,05 часот и да заврши во 21.35 часот. Таа е дел од расправата на германскиот парламент за европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

Резолуцијата за Македонија е на три страници густ текст и плус 13 препораки до владата што треба да направи да го овозможи побрзиот развој на пристапувањето на нашата земја кон ЕУ.

Уште на почетокот на резолуцијата се наведува: „Германскиот Бундестаг ги признава македонската култура, идентитет и јазик. Во Европската нија, која се карактеризира со голема разновидност на јазици и култури, јазиците се составен дел од нашето заедничко културно наследство. Јазичната различност се практикува во повеќејазичноста во програмите и во работата на институциите. Македонскиот јазик и култура дополнително ќе ја збогатат оваа различност. Европската унија го смета зачувувањето и заштитата на ова богатство како една од нејзините најважни задачи“.

Оваа резолуција ја предлагаат парламентарните групи на трите владејачки партии СПД (социјалдемократите), Алијанса 90/Зелените и ФДП (либералите). Во името на пратеничките групи подносители се Ролф Муцених, Катарина Дреге, Брита Хаселман и Кристијан Дир.

Во неа се наведуваа различните фази во односте меѓу двете земји, се потестува на независноста на Македонија, се споменува спротивставувањето на Бугарија за отворањето преговори со ЕУ и се препорачува да се „направат сите напори“ да се преземе следниот чекор – усвојувањето на уставните измени.

Во точките со барања до владата се предлага обврска за неа во однос на заебелешките на Бугарија:

„[Сојузната влада]Да ја повика Бугарија да го поддржи патот на Северна Македонија кон ЕУ во рамките на постигнатиот компромис со Советот и да се воздржи од дополнителни услови“.

Еве го целиот текст на резолуцијата:

I. Германскиот Бундестаг наведува: 2023 година е одлучувачка година за европската иднина на Северна Македонија. Германија е цврсто посветена на европската перспектива на Северна Македонија и решително ја поддржува земјата на нејзиниот пат кон Европската унија.

Северна Македонија ја прогласи својата независност во септември 1991 година. Пред 30 години младата држава беше призната од Сојузна Република Германија и беа воспоставени дипломатски односи. Во годините што следеа, се развија исклучително цврсти и добри односи меѓу Северна Македонија и Германија. Односите се разновидни и се карактеризираат со безброј лични односи меѓу луѓето од двете земји. Во бизнисот, културата, науката и граѓанското општество, постои блиско партнерство меѓу Северна Македонија и Германија кое растеше со децении.

Северна Македонија има официјален статус на земја кандидат од 15 декември 2005 година. Една година претходно, на 1 април 2004 година, стапи на сила Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ. Од декември 2009 година, граѓаните на Северна Македонија можат да влезат во ЕУ без виза.

Северна Македонија мина низ различни фази во последните две децении, во кои постоеше ризик од губење на јасната ориентација кон приближување кон ЕУ и нејзините вредности. Во последните години земјата се врати на реален и амбициозен евроатлантски курс и реформски процес.

Договорот за соседство со Бугарија беше потпишан на 1 август 2017 година, а договорот од Преспа со Грција за разјаснување на прашањето за името беше склучен на 17 јуни 2018 година. На 27 март 2020 година се приклучи на одбранбената алијанса НАТО (Организација на Северноатлантскиот договор). Примарната надворешнополитичка цел на Северна Македонија беше и е пристапот во ЕУ оттогаш.

Пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на двете страни. Успешниот пат кон пристапувањето во ЕУ има далекусежни симболични ефекти за целиот регион. Северна Македонија е мултиетнички модел. Германскиот Бундестаг ги признава македонската култура, идентитет и јазик. Во Европската Унија, која се карактеризира со голема разновидност на јазици и култури, јазиците се составен дел од нашето заедничко културно наследство. Јазичната различност се практикува во повеќејазичноста во програмите и во работата на институциите. Македонскиот јазик и култура дополнително ќе ја збогатат оваа различност. Европската унија го смета зачувувањето и заштитата на ова богатство како една од нејзините најважни задачи.

Надминувањето на одложувањето на пристапните преговори со ЕУ по потпишувањето на Договорот од Преспа сега е одлучувачко за идниот успех на пристапниот процес. Потпишувањето на овој билатерален договор за разјаснување на прашањето за името, што беше брзо постигнато по долги преговори со посредство на ОН, ја истакна волјата и подготвеноста на Владата на Северна Македонија за евроатланска интеграција и отвори перспективи за брзиот почеток на пристапните преговори со Европската унија. Германскиот Бундестаг очекува од двете страни целосно спроведување на Договорот од Преспа. Нов предизвик во изминатите три години е товарот на процесот на пристапување на Северна Македонија поради билатералните прашања со соседната земја Бугарија, што конечно доведе до предвремени избори во Северна Македонија на 15 јули 2020 година и го доведе во прашање кредибилитетот на Европската унија и целиот процес на проширување меѓу населението, регионот и другите земји кандидати. И покрај разновидните напори на двете страни и поддршката од поединечни земји-членки на ЕУ досега не можеа целосно да ги решат овие разлики.

Извор: Независен.мк

Latest Posts

Не пропуштај