Последни написи

Лукаревска: Се прават дополнителни чекори за заедно да го спроведеме процесот на уставни измени

Многу е добро што се одржа лидерската средба и после долг период започна дијалогот, рече заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во гостувањето во канал 5. Таа рече дека во моментов е најдобро да се градиме култура на компромис, а не опонентите да се прескокнуваат со изјави.

– Нашата подадена рака е за борбата за европска иднина на државата и граѓаните. Пред граѓаните и пред Европската Унија ќе покажеме дека само заедно можеме да успееме во овој процес, истакна Лукаревска.

Таа повтори дека ВМРО-ДПМНЕ дала поддршка за уставните измени.

– Исто така гледаме изјави дека се прават дополнителни чекори за заедно да го спроведеме овој процес, потенцира Лукаревска.

Таа нагласи дека СДСМ понудила пет од десетте министерски позиции на ВМРО-ДПМНЕ за да се оствари стратешката цел.

Latest Posts

Не пропуштај