More

    Маричиќ: Уставните измени до ноември за да не пропуштиме златна шанса, одговорност има опозицијата

    Многу често за жал кај нас ја немаме предвид временската рамка и значењето на временската рамка на преговарачкиот процес, кажа вицепремиерот за европски прашања во „Аудиториум“. Тој додаде дека согласно европскиот предлог рокот за изгласување на уставните измени е до крајот на ноември, зашто тогаш завршува и скринингот.

    -Предвидено е овие два процеса да течат паралелно и да завршат во исто време, кога ќе завршат скринингот и уставните измени тогаш треба да се отвори првиот кластер. Ова лето ќе биде искористено во насока на поддршка на уставните измени. Ако не успееме во рок да завршиме тоа значи дека самите ќе си поставиме блокада за да влеземе побрзо во Европската Унија, кажа Маричиќ

    Тој додаде дека на тој начин може да се пропушти уште една златна шанса за продолжување на патот кон ЕУ.

    -Имаме за првпат променет став на големите членки за процесот на проширување, поради Украина но и поради долгото чекање на земјите од Западен Балкан. Ќе се создадат услови да има проширување во наредните неколку години, наше е дали ќе влеземе во тој пакет или ќе чекаме подобри времиња за решавање на билатерални прашања, истакна Маричиќ.

    Вицепремиерот верува дека уставните измени ќе бидат усвоени.

    -Ако не го исполниме мнозинството, одговорноста ќе биде кај оние што решиле да не дадат поддршка. Ние како мнозинство направивме се за опозицијата да се чувствува комотна да ги гласа уставните измени, но во крајна сметка одговорноста е кај оние што нема да гласаат, заклучи Маричиќ.

    Извор: Аудиториум

    Exit mobile version