More

    Уставни измени, па избори – кои се предлозите на премиерот Ковачевски за лидерската средба со Мицкоски?

    Премиерот Димитар Ковачевски доаѓа со план и конкретни 3 предлози на лидерската средба со претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, брифираат извори од Владата за порталот Центар.мк.

    Ковачевски ќе предложи партиите заеднички да застанат зад уставните измени и европската иднина на земјата и да ги изгласаат во Собранието.

    Вториот предлог е веднаш после усвојувањето на уставните измени да се распишат избори како компромисно решение кое ќе значи продолжување на европскиот пат и обединување околу стратешкиот интерес на земјата, што му дава излез на Мицкоски, со оглед на тоа што неговото клучно барање се предвремени избори.

    Извор: Центар.мк

    Exit mobile version