More

    Рубин: С. Македонија е прва земја со која САД потпишаа меморандум за взаемно разбирање во борбата со дезинформациите, следуваат Бугарија и Словачка

    Џејмс Рубин, специјален претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман при американскиот Стејт департмент во интервју за Гласот на Америка на руски јазик изјави дека Северна Македонија е првата земја со која САД потпишаа меморандум за взаемно разбирање во борбата против дезинформациите и дека планираат такви меморандуми да склучат и со други земји, вклучувајќи ги Бугарија и Словачка.

    -Манипулација на информацијата е сериозен проблем за САД. Тоа е проблем во целиот свет. Ние откривме дека во многу случаи Кина на некои медиуми ја дава бесплатно својата новинска служба под услов да не смеат да користат други новински служби ако сакаат нивната да ја користат бесплатно. Ние се обидувама да го спречиме тоа, изјави Рубин.

    Во врска со потпишаниот меморандум за разбирање со Северна Македонија, Рубин истакна дека САД увиделе дека руските државни медиуми Раша Тудеј и Спутник се уште работат во Србија и тие се употребувале „за поткопување на Северна Македонија“.

    -Затоа склучивме меморандум со Северна Макдеонија и таквите договори ја формализираат желбата на другата страна кон тој проблем да се однесува со таква сериозност како и ние. Тоа не е решение на проблемот, туку демонстрација на волја, изјави Рубин.

    Додаде дека претстои работа со Владата на Северна Македонија „за да им се даде средство за следење на чистотата на информацискиот простор, да им се покаже како сокриената рака на Русија се вмешува во нивото информациско пространство“.

    -Да се обидеме да им дадеме инструменти за анализа на труењето на нивниот информациски простор. Тоа значи размена на напредно искуство со работа на слободни медиуми, проверка на факти, засилување на отпорноста, вели тој.

    извор: frontline.mk

    Exit mobile version