Последни написи

Мицкоски би ги поддржал уставните измени ако влезе во влада на национално единство без ДУИ

По лидерската средба со премиерот Ковачевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека нема да поддржи уставни измени, бидејќи, како што вели, тие се носат по бугарски диктат. Но, сепак, тој предложил услови под кои пратениците на неговата партија би ги гласале уставните измени.

И покрај „цврстиот став“ против уставните измени, Мицкоски истакна дека ВМРО – ДПМНЕ е подготвенa да влезе во Влада со СДСМ и со останатите политички партии, но без учество во истата влада на ДУИ, а евентуалните уставни измени да важат од денот кога ќе отпочне ратификацијата на пристапниот протокол на Македонија во рамките на ЕУ од парламентите на 27 земји-членки. Мицкоски дури дал и предлог кој вклучува поддршка на уставните измени од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

„Да одиме на предвремени парламентарни избори коишто ќе се одржат на три дати, дадов предлог. На есен генерално. Да се формира Влада на широко национално единство, во која што нема да биде дел ДУИ и, бидејќи ниту една земја членка на ЕУ нема против со Макеоднија многувековен идентитет, традиција, култура, обичаи, македонски јазик, тогаш, еве, јас сум подготвен со неколку премиери на земји-членки на ЕУ на следниот состанок на ЕС, да изгласаат, потврдат, гаранција за сето ова што го зборуваме, па да видиме дали е така како што ни велат дека е така, имајќи предвид дека сега и Бугарија има легитимна Влада избрана од националниот парламент. Со тој документ да дојдеме пред македонските граѓани и да кажеме: еве, овој пат Европа застанува позади многувековниот македонски идентитет… и дека овој пат Европа конечно има чиста и јасна цел пред себе Македонија да биде дел од ЕУ семејството“, изјави Мицкоски по средбата.

Иако ја оцени лидерската средба како неуспешна, Мицкоски рече дека е добро што се таа се случи, бидејќи има одреден вид комуникација. „Морам да признаам дека досега немаше никаков вид на комуникација и покрај бројните шпекулации во јавноста кои ги имаше“, кажа Мицкоски.

Р.С

 

Latest Posts

Не пропуштај