Последни написи

Таравари: Гостивар е единствена општина во светот каде што се вее ромското знаме и многу сум горд на тоа

„Во Гостивар со векови има повеќе етнички заедници коишто меѓу себе живеат релативно добро,  се користат три јазика, македонскиот, албанскиот и турскиот јазик. Во 2021 година консензуално сите советници донесовме одлука да се користи и ромското знаме. Ние сме единствена општина во светот каде што се вее ромското знаме и многу сум горд на тоа.

Генерално одлуките коишто се однесуваат на меѓуетничките односи во Советот на Општината за наша среќа се донесуваат со консензус. Се согласуваме дека мораме заедно, да си помогнеме и да се движиме напред и колку што можеме да покажеме емпатичност едни кон други“, изјави градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари на  јавниот  настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“ што се одржа во Гостивар, во организација на ЦИВИЛ, и поддршка од  Општина Гостивар.

Тој додаде дека Македонија треба да го земе Гостивар како пример бидејќи сите етнички заедници релативно добро соработуваат, и дека судбина ни е да живееме и да си помагаме едни со други.

„Една од добрите работи што ги започнавме беше градинката Мозаик во која одат деца од сите етнички заедници. На почетокот бев скептик дали ќе функционира, но денеска гледам дека има се поголем интерес и од родителите бидејќи детскиот мозок е како сунгер, и најдобар период да се учат јазици, култури е детскиот период. Тоа се всадува во нивниот мозок и понатаму имаат меѓусебно почитување“,  вели Таравари.

 

Културниот живот, или, генерално, живото се одвива заеднички насекаде, иако постојат кафулиња кои се повеќе посетени од Македонци или Албанци, но, не може да се каже дека се гетоизирани, за разлика од некои општини во земјава. Така што, мислам дека се повеќе има доближување на народите кои живеат, што е огромна предност на нашата генерација, и уште подобро за генерациите што доаѓаат. Бидејќи, ова ни е судбина, мора да живееме сите заедно, мора да се почитуваме меѓусебно, и, ако сме сложни, и општеството ќе напредува. Ако, не, ќе имаме проблеми како во минатото, на пример, 96 година со албанското знаме, конфликт кој не би сакал да се повтори никогаш повеќе. Генерално, одлуките што се однесуваат на меѓуетничките односи , и меѓукултурните, за наша среќа, во Советот на општината се донесуваат со консензус, тука веќе не постојат партии, етнички заедници, или верски, туку се согласуваме дека мораме заедно, посочи Таравари.

Д. Тахири

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Горан Наумовски

извор: CivilMedia

Latest Posts

Не пропуштај