More

    Дерала: Невидливите ѕидови на поделбите мора да ги урнеме прво кај нас самите, во нашите глави

    Би сакал да споделам неколку кратки импресии од тоа што го слушнав од господинот Таравари, а тоа е дека, иако сум склон кон критичко восприемање на пораките од политичарите, практично и немав што да ставам на критичкиот тас на вагата од тоа што го слушнав од др. Травари, поради тоа што Гостивар го гледам и го следам од многу одамна. Од оној немил и тежок настан за гостиварчанки и гостиварчани, до денешен ден. Нормално, има многу предизвици, но се согласувам со тоа дека Гостивар може да служи како модел за целата земја, изјави претседателот на ЦИВИЛ,  Џабир Дерала на  јавниот  настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“ што се одржа во Гостивар, во организација на ЦИВИЛ, со поддршка од градоначалникот д-р. Арбен Таравари.   

    „Ќе споменам еден мал детаљ, а тоа  се градинките „Мозаик“, што ги спомна др. Таравари, а тоа е дека тука функционираат. Тоа е еден фантастичен метод децата да растат од најмали нозе, да се учат на различностите, да ги препознаат, да ги прифатат, па дури и да ги запознаат различните од себе. Имаше такви и во Скопје, во главниот град на нашата земја. Мислам дека во моментов има една, или две активни, а имаше многу.  Имаше повеќе од кај вас, бидејќи нели има многу повеќе жители самиот главен град. Тоа е веќе една драстична разлика на ниво на една држава која е многу мала.

    Тоа што на ЦИВИЛ му е апсолутно важно, како организација, во која, навистина членуваат, работат активно, и се раководителки и раководители со години, е самиот многу различен, баш како Гостивар. И тука имаме една ситуација, во која кога сакаме нешто лесно да направиме, му се јавуваме на др. Таравари. Кога сакаме да изработиме некој настан или активност, тоа е токму овде, во Гостивар. И гледајќи го Гостивар, можеме да извлечеме неколку препораки, како за владата, за граѓанските организации и за медиумите. И исто така, дури, во некој а перспектива, и за меѓународната заедница.“, посочи Дерала.

    Дерала се осврна на своето патување во Мостар, БиХ, и посочи за гигантските невидливи ѕидови помеѓу луѓето, создадени по војната во Босна.

    „Пред неколку часа се вратив од Мостар, каде што ѕидовите, да беа направени од тешки мермерни плочи, ќе беа помеки и по попустливи , од невидливите ѕидови што триесет години по жестокиот крвав конфликт во Босна и Хецеговина се случи таму. Таму, ѕидовите се невидливи, и дотолку повеќе се по непробојни. Ѕид од камен можете да бомбардирате, 50 дена, па дури и Константинопол беше освоен, иако беше неосвоив 24 пати, со илјада години пред тоа… Меѓутоа, овие ѕидови, не се рушат толку лесно, бидејќи се невидливи, и бидејќи се влезени во срцата на луѓето. Мојата прва препорака, во име на организацијата, е всушност, сите тие ѕидови, треба да ги урнеме прво кај нас самите, и во нашите глави“, порача Дерала.

     

    Д. Тахири

    Камера: Дехран Муратов

    Монтажа: Ариан Мехмети

    Фотографија: Горан Наумовски

    Извор: civilmedia.mk

    Exit mobile version