More

    Амнести Интернешнал: Уништувањето на браната Каховка налага брза меѓународна реакција, илјадници се соочуваат со хуманитарна непогода

    Во своето денешно соопштение, Амнести Интернешнал преку регионалната директорка за Источна Европа и Централна Азија Мари Струтерс, истакнува:

    „Додека гратчиња и села по течението на Дњепар одат под вода, штетите по луѓето и средината од уништувањето на браната Каховка претставуваат огромна хуманитарна непогода, и меѓународната заедница мора да се обедини за да ги изведе одговорните пред правдата.“

    „Правилата на меѓународното хуманитарно право особено ги штитат браните, заради опасностите по цивилите од нивното уништување. Уништувањето на браната Каховка е катастрофа што го загрозува животот, сигурноста и благосостојбата на десетици, ако не и стотици илјади луѓе кои живеат во рамки на поплавените подрачја. Тоа е буквално отворена порта за поплавување и за катастрофална непогода за луѓето и околината“, истакнува Мари Струтерс.

    Покрај итна евакуација на цивилите, Амнести интернешнал бара и брза, независна и непристрасна истрага за уништувањето на браната Каховка.

    извор:

     Ukraine: Destruction of Kakhovka dam requires urgent international response, as thousands face humanitarian disaster 

     

     

    Exit mobile version