More

    Стабилизација на светската трговија на почетокот на годината

    Светската трговија се стабилизираше во првиот квартал, а закрепнувањето би можело да се забрза до средината на годината, покажа во средата извештајот на Светската трговска организација (СТО).

    Барометарот на трговската размена на стоки во март беше за 3,4 поени повисок од крајот на минатата година и изнесуваше 95,6 поени, повторно приближувајќи се до основната вредност од 100 поени што укажува на раст на трговијата во согласност со трендот, објави во средата СТО.

    Вредностите пониски од 100 поени сигнализираат забавен раст на трговијата со стоки во однос на трендот во претходниот период. Барометарот беше замислен од СТО како индикатор кој треба да детектира евентуален пресврт.

    Трговијата е стабилизирана, но на пониско ниво, заклучува СТО.

    Во последните три месеци од минатата година обемот на трговската размена е за 2,4 отсто помал во однос на претходните три месеци и за 0,8 отсто помал од истиот период во 2021 година поради војната во Украина, високата инфлација во развиените земји и заострената монетарна политика, објаснуваат тие.

    Олеснувањето на строгите мерки во Кина на крајот на 2022 година резултираше со зголемен сообраќај во кинеските пристаништа, но закрепнувањето во Кина беше засенето од послабиот сообраќај во Европа.

    Прелиминарните податоци за првите три месеци од оваа година сигнализираат пригушена трговија, со навестувања за зголемена побарувачка во вториот квартал и нерамномерно закрепнување, забележува СТО.

    (Извор: Независен.мк)

    Exit mobile version