Последни написи

Ковачевски: ЕУ ја сфати стратешката грешка од наметнатото вето кон Северна Македонија

Кога јазот меѓу земјите-членки и земјите од Западен Балкан се зголемува во економска смисла тоа значи дека нивото на образование се намалува, инфраструктурниот јаз се зголемува, транспортниот јаз се зголемува и имаме зголемување на јазот и во ефикасноста на институциите, посочи македонскиот премиер Димитар Ковачевски во обраќањето на Форумот ГЛОБСЕК во Братислава.

„Сметам дека ЕУ по војната во Украина ја сфати стратешката грешка која ја направи пред неколку години кога ни беше наметнато вето нам на Северна Македонија и на Албанија. Кога ќе направите стратешка грешка не може да ја решите за 5 минути. Стратешките грешки имаат свој ефект во период од 5 до 10 години најмалку. Знам дека претседателката на ЕК е голем пријател на нашите земји а и личен пријател којшто ни помогна во најпредизвикувачките времиња, затоа што неколку години работиме во ситуација на криза со пандемијата, економската, енергетската криза. Помошта што ја добивме беше потребна, нужна во тоа време но исто така морам да потенцирам дека нашиот народ, нашите институции а ние заедно Еди, Александар, јас, Киријакос, Донев, навистина работиме заедно се со цел да ја решиме кризата и ја поминавме зимата“, истакна Ковачевски.

Тој додаде дека земјите во Југоисточна Еворпа па и во Источна Европа се подобриле економски, само поради една причина – затоа што станале членки на ЕУ.

„Стандардот на Југославија беше 10 пати поголем од стандардот на Словачка, Полска, Унгарија, Бугарија, Романија заедно. А стандардот на вашите земји, затоа што тука гледам луѓе од Словачка, Чешка сега е подобар само поради тоа што сте членки на ЕУ. Патот на напредување за Западен Балкан како што велите вие е членство во ЕУ. Дали ќе дојде тоа одеднаш или секторски зависи од начинот на кој ќе се спроведува“, рече Ковачевски во неговото обраќање на Форумот ГЛОБСЕК во Братислава.

Р.С

Latest Posts

Не пропуштај