Последни написи

Ковачевски на безбедносниот форум во Братислава се сретна со Лајчак

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Братислава, оствари средба со специјалниот претставник на Европската унија за Западен Балкан, Мирослав Лајчак. Ковачевски во Братислава учествува на Глобалниот безбедносен форум на ГЛОБСЕК 2023.

На средбата, Ковачевски ја потенцираше заложбата на Владата и Македонија да придонесува за унапредување на регионот, неговиот мир и стабилност, како што го прави досега.
Ковачевски ја истакнал максималната посветеност на Владата на реформскиот процес во земјава како и на процесот на пристапни преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ. Двајцата соговорници истакнаа дека во државата е потребен политички дијалог и сите општествени, политички, невладини, граѓански чинители во државата потребно е да постигнат консензус за да не се кочи процесот за членство на Македонија во ЕУ.

На средбата од страна на премиерот Ковачевски беше нагласено дека брзото членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ би спречило чувствителните точки во регионот да ја нарушат безбедноста и стабилноста, а со тоа и да го закочат економскиот развој на регионот.

Ковачевски и Лајчак повикаа на итна деескалација на состојбата во Косово и враќање на мирот и стабилноста.

Се предвидува Ковачевски на форумот да има билатерална средба со францускиот претседател Емануел Макрон.

(Извор: Независен.мк)

Latest Posts

Не пропуштај