Последни написи

ЕДМО: Погрешните информации и дезинформациите насочени кон LGBTQ+ заедницата се едни од најприсутните и најконзистентните во ЕУ

Европската опсерваторија за дигитални медиуми ЕДМО  (edmo.eu) објави анализа „Правата во време на конспирации и лажни вести: дезинформации против LGBTQ+ во ЕУ“. Во анализата на мрежата за проверка на факти на ЕДМО се истакнува дека „Погрешните информации и дезинформациите насочени кон LGBTQ+ заедницата се едни од најприсутните и најконзистентните во Европската Унија“.

„Се чини дека лажните вести на оваа тема стануваат се поподмолни, со неосновани тврдења кои често поттикнуваат омраза кон малцинствата, законите и институциите“, се поентира во анализата.

Во анализата на ЕДМО се идентификуваат пет лажни нарации како најзастапени во земјите членки на ЕУ:

  • ЛАЖНА НАРАЦИЈА #01: Геј и трансродовите луѓе се болни, а транзитирањето доведува до ментални болести
  • ЛАЖНА НАРАЦИЈА #02: Луѓето кои припаѓаат на LGBTQ+ заедницата се педофили
  • ЛАЖНА НАРАЦИЈА #03: Луѓето кои припаѓаат на LGBTQ+ заедницата се насилни и опасни, и извршители на масовни престрелки
  • ЛАЖНА НАРАЦИЈА #04: LGBTQ+ лицата добиваат повластен третман во спортовите
  • ЛАЖНА НАРАЦИЈА #05: Теории на заговор за „диктатурата“ на LGBTQ+ филозофијата и за „индоктринацијата“.

Во анализата се даваат бројни примери како овие наративи се ширени во различни земји од ЕУ, особено во Шпанија и Унгарија.

Latest Posts

Не пропуштај